Скопје
Дедомразовците ја истрчаа традиционалната новогодишна трка

Третата по ред Дедомразовска трка се одржа во недела на плоштад Македонија во склоп на Новогодишен базар „Подари среќа“.
На трката учествуваа 450 Дедомразовци, кои се натпреваруваа во три категории на трката која беше долга 2 километри.
„Организацијата и реализацијата на денешниот настан се одржа совршено благодарејќи на нашите спонзори и поддршката која ја имавме од Град Скопје. Очигледно е дека сите учесници се расположени и убаво си поминуваат на овој забавен настан. Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во денешната трка и да им честитам на победниците.“, истакна Методија Саздов, претседател на организацијата „Прв до Врв“.
Тој додаде дека им е многу драго што трката добива традиционален карактер и што се организира на ниво како и во другите светски метрополи.
Победниците од категоријата на млади од 3 до 1 место беа: Ива Цветковска, Калина Марковска и Марко Јовановски. Во категоријата женски 3 место освои Ивана Кипријановска, 2 место освои Тамара Славевска и 1 место освои Рената Соколовска. Во категоријата мажи 3 место освои Богдан Цветковски, 2 место освои Атанас Анчевски и 1 место освои Дарио Ивановски.
Учесниците ја започнаа трката во 12.00 часот и истрчаа 2 километри. На најдобрите им се доделија награди и медали од страна на претставници од Град Скопје, Конгресен центар „Александар Македонски“ и Кока – Кола. За другите имаше организирано лотарија и им се доделуваа разни подароци. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)