Скопје
Казни за четири кафулиња во Центар заради прегласна музика

Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени од страна на Општина Центар, откако било утврдено дека во кафе бар “Чао“, паб “Комедија“, “Аперитиво бар“ и “Џуси бар“ се пушта музика погласно од дозволеното.
Инспекциските служби извршија надзор, по пријава од граѓани, дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот.
„Општина Центар ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите и затоа ги повикува сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки“, порачуваат од локалната власт. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)