Скопје
Нов парк никна зад поранешна “Агромеханика“
Нов парк е изграден на просторот на плочникот во Градски sид, позади поранешна “Агромеханика“.
Општина Центар целосно го реконструираше зеленилото во запуштените жардинери кои се наоѓаат на платото опкружено со високи станбени комплекси.
„Овој дел во сега е модерно, разиграно и необично хортикултурно уреден. Високите садници се скулптурални и високо декоративни, а перените и граминеите внесуваат бои во различи периоди од годината. Околу групациите, подигнати на различни нивоа, поставен е темен бусен и засадени се 6500 растенија, на површина од над 1070 м2.
Во помалите жардинери засадени се зимзелени грмушки и листопадни ползавци кои ја менуваат бојата“, информираат од Општина Центар.
Поставен е нов, автоматски систем за наводнување на жардинерите, кој овозможува навремено наводнување и повитален раст и развој на зеленилото.
Претходно, општина Центар стави и ново, современо детско игралиште на овој простор, со вкупна површина од 250 м2, наменето за деца на возраст од 3 до 11 години. Игралиштето беше поставено на барање на граѓаните.
Комплексот е надополнет и со урбана опрема, канти за отпадоци и клупи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

