Скопје
Нов парк во Капиштец

Руинираниот и запуштен простор на улицата “Елисије Поповски“ во Капиштец, на подножјето на Водно, прерасна во убава, хортикултурно уредена јавна површина.
На некогаш калливата земјена површина, која служеше како див паркинг, општина Центар направи убаво уреден зелен простор од 580 м2 и засади 200 зимзелени садници – прекривки.
Благата косина се разигрува со 50 грмушки од два типа: зимзелени и цветно-листопадни. Полевањето се изведува со ново поставениот автоматски систем, кој што ќе овозможи долготрајност и убавина на садниците.
„И ова е дел од ветувањата и проектите на општината и на градоначалникот, Андреј Жерновски, секаде каде што е можно, да се направат мали, зелени оази“, информираат од Општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)