Скопје
Ново осветлување на мостот во Маџари
Мостот во населбата Маџари доби ново осветлување. Изминатиов период на овој мост се работеше на поставување на нова електрична инсталација, по што беа поставени шест нови столбови за осветлување.
Со поставувањето на новото осветлувањето на овој мост во населбата Маџари, ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.
На поставувањето на новото осветлување на мостот во Маџари работеа екипите на „Дигитал ДОО Струмица“, а Градот Скопје за овој проект од буџетот издвои 774.000 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Герасимовски: Општина Центар го отвори електронскиот анкетен прашалник за креирање на буџетот за 2026 година
Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала.
„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2026 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Преку електронскиот прашалник, граѓаните може да предлагаат проекти од различни области: образование, социјална, детска и здравствена заштита, култура, спорт и рекреација, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, јавни работи, како и реконструкција и санација на училиштата.
Со ова, општина Центар овозможува вистинско и директно учество на граѓаните во подготовката на програмите за работа и во дефинирањето на приоритетите во буџетот за 2026 година, велат од Општината.
Анкетниот прашалник е достапен на следниот линк
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)

