Скопје
Општина Кисела Вода годинава додели 466 ваучери за новороденчиња

Општина Кисела Вода месецов додели уште 50 ваучери за новороденчиња, со што бројот на семејства со принова кои добија еднократна парична помош од оваа локална самоуправа, се искачи на 1.748. Од нив, во оваа календарска година, се доделени 466.
Овој проект, кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода има за цел да им помогне на новите родители околу првите потреби што доаѓаат со новороденчето.
„Токму затоа, општина Кисела Вода уште еднаш ги повикува сите родители кои ги исполнуваат критериумите, воопшто да не се двоумат и да ја поднесат потребната документација за паричната помош. Постапката е едноставна и се состои од исполнување на неколку елементи, а тоа се: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето“, информираат од Општина Кисела Вода. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)