Скопје
Подготвена богата новогодишна програма за скопјани
Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје ќе биде отворен од 24 декември и ќе трае осум дена.
Базарот покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници ќе им понуди на граѓаните и богата музичка програма. За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10.00 до 13.00 часот. Истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, изведба на претставата на Брашко, дружба со Петко но и детско воодушевување преку изведбите на волшебниот настап на магионичарот Кристијан.
Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни after-work забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи. Настапите на Sarah Mace, ConTruDј, Back Door Band, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд се само дел од програмата.
Улица Македонија овие денови ќе има целосна Божикна атмосфера и преку сетовите на, Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и други. Како одличен додаток на претпразничната забава ќе бидат и грееното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна.
„Подари Среќа” ќе биде место каде сите ќе можат да купат интересни подароци и за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи.
Секој кој ќе го посети базарот ќе може да купи и новогодишни хуманитарни честитки чии средства ќе се донираат во СОС Детско село, а при тоа ќе се присетат и на традицијата на испраќање на новогодишни честитки, за чија цел е “резервирано” поштенското сандаче на Македонски Пошти, лоцирано во Ристиќева Палата. Во склоп на програмата, оваа година традиционално ќе се одржи и Дедомразовската трка на 25ти декември со почеток во 12.00 часот.
Божиќниот базар “Подари среќа” започнува во сабота на 24ти декември, со почеток во 10:00 часот и трае се до 31ви декември, па за таа цел градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ги повикува сите граѓани да уживаат во програмата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

