Скопје
Скопскиот градоначалник го посети детското СОС село

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во вторник го посети детското СОС село.
Оваа посета градоначалникот Трајановски традиционално ја прави во пресрет на новогодишните и божиќните празници, каде на децата им подели новогодишни пакетчиња.
„Улогата на СОС Детското село е огромна за сите згрижени деца, затоа што од таму заминуваат како независни и изградени личности со вредности, знаења и вештини за самостоен живот. Ние возрасните имаме обврска да се потрудиме правата на децата да ги направиме приоритет, а децата, пак, можат да ни возвратат со тоа што ќе научат да уживаат во своето право на безгрижно детство“, рече градоначалникот Трајановски.
Тој на вработените и на децата во СОС Детското село им ги честита празниците и им пожели здравје и среќа во Новата 2017 година.
За време на посетата беше организирана и приредба, а за континуираната поддршката и долгогодишната соработка на СОС Детско село, на градоначалникот Трајановски му беше доделена плакета.
Градот Скопје и годинава додели финансиска помош за потребите на СОС Детското село. Секоја година Град Скопје дава поддршка за работата на СОС Детското село преку донации и набавки на препрати и апарати за неговото функционирање, а секоја година се подаруваат и пакетчиња за 150 деца во СОС Детско Село и згрижувачки семејства.
Покрај поддршката за овој центар, Градот Скопје секоја година дава поддршка на проекти кои го унапредуваат менталното и емоционално здравје на децата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)