Македонија
Службениците на СЈО и во сабота ќе бидат присутни во УБК
Службените лица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како што најави обвинителката Ленче Ристовска, во саботата повторно треба да се вратат во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за да ја продолжат со истрагата.
Се очекува во УБК да пристигне и претставник од централата на компанијата „Ериксон“, кој треба да помогне во доаѓањето до системот и извлекувањето на преостанатите материјали што СЈО треба да ги земе согласно судската наредба. Како што најави обвинителката Катица Јанева, експертот треба да го обезбеди УБК, а засега нема потврда дали тоа ќе се случи во текот на денешниот ден.
Од СЈО во петокот попладнето соопштија дека подигнале дел од бараните податоци од УБК.
„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки (ПИМ) за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“, информираа од СЈО.
Ноќта во петокот еден од истражителите на СЈО беше приведен во полициската станица „Беко“ по налог на обвинителот Марко Зврлевски, по пројава од обезбедување додека ја фотографирал куќата во која според неофицијалните информации живее порпанешниот директор на УБК; Сашо Мијалков, по што обвинителката Јанева замина во полициската станица, од каде беше по кусо време пуштен и истражителот.
Истовремено друг истражител на СЈО беше отстранет од просториите на УБК без образложение, во обид да влезе во Управата на капијата на Министерството за внатрешни работи влезот не ѝ беше дозволен ниту на Јанева. Јанева влезе во МВР по претходна телефонска ургенција, а обвинителката Ленче Ристоска изјави дека се надева дека целата работа била недоразбирање со УБК. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави на прес-конференција дека истражителот на СЈО бил приведен по налог на Јавното обвинителството под нејасни околности, а обвинителите на СЈО ја напуштија управата ноќта кон саботата кога од министерот Спасовски добија уверување дека тој ќе ја обезбеди опремата и дека ништо нема да недостига од материјалите за прислушување./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.
Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.
Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.
Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.
Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.
Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?
Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.
Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

