Македонија
Со багери, камиони и пумпи се санираат последиците од невремето во тетовско
Дирекцијата за заштита и спасување со со багери, камиони и пумпи се справува со последиците што ги остави невремето коешто се случи во понеделникот вечерта во тетовскиот регион коешто однесе четири жртви, а две лица се водат како исчезнати.
Ангажирани се 10 припадници на републичките сили како и 15 багери, 14 камиони и 17 пумпи за вода во справувањето со последиците од невремето. Од пумпите за вода, две се активирани во болницата во Тетово, а останатите се подготвени за да може да се активираат во секој момент. Активираната механизација и пумпи се од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје.„Во текот на минатата ноќ интензивно се работеше на пробивање на патниот правец кон селото Шипковица кој беше во прекин поради настанато свлечиште. Од утринските часови патниот правец е прооден за сообраќај.До критичните места доставена е вода за пиење“, соопштуваат од ДЗС.Во текот на ноќта и во утринските часови реката Пена се повлекува во своето корито. По повлекувањето на водата останува наталожена кал која претходно била нанесена од излеаната река, а градежната механизација со својот агажман обезбедува несметано истекување на водата назад во коритото на реката.Во невремето оштетени се голем број на куќи и автомобили./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

