Македонија
Со поворка на факели Шарената револуција го одбројува ултиматумот
Со поворка од факели во петокот ноќта во Скопје приврзаниците на граѓанското двежење „Протестирам“ и на ткн „Шарената револиција“ го завршија одбројувањето за ултиматумот што го истакнаа претходно седмицава, но според последните информации, Уставниот суд и за нардната седмица не ја стави инцијативата за уставноста на Специјалнот ојавно обвинителство, па спомеантите движење за во понеделник го презакажаа претходно за во саботата најавениот масовен протест.
До 18-ти јуни од „Шарената револуција“, побараа првенствено Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да престане прогонот на демонстрантите.
Активистите во меѓувреме тврдат дека власта уште ги гони граѓаните што протестираат. За нив ова претставува продлабочување на кризата. Поради неисполнетите барања, Шарената револуција за во понеделник најави и протест, кој, според активистите, се очекува да биде најмасовен.
„На оваа корумпирана и криминална власт ѝ дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побрзо да избегаат од правдата. Нашите ултимативни барања не беа исполнети. Тврдината на правдата, која граѓаните силно ја поддржуваат изминативе два месеца, сега е под сериозна закана. Груевски се плаши од затворот што го чека!“, се наведува во објавата на социјалните мрежи на маршот кој вообичаено ќе започне пред Специјалното обвинителство.
Покрај двата услова, кои не се исполнија во ултимативно дадениот рок, граѓанските активисти потсетуваат дека нивната „револуција“ постави уште неколку повеќе политички барања. Демонстрантите испорачувајќи го крајниот рок до 18-ти јуни, бараат и оставка на актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада, потоа формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО , вклучување на граѓанските организации во преговорите, оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија
Во прогласот објавен пред речиси две седмици на официјалната Facebook страница на Шарената револуција на валдата ѝ се порачува „да ги сфати многу сериозно“ и „итно да ги исполни“ нејзините ултиматуми „за оваа криза да не се продлабочи уште повеќе“.
Според нивниот план сега треба многу брзо да бидат исполенти два од нивните услови, а тоа се Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот врз демонстрантите, кој според нив продолжил и во изминатиот период во текот на блокадите на мостовите на Вардар во Скопје./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

