Македонија
Собранието ги донесе законите од договорот во Пржино
Собранието со 90 гласови ги донесе измените на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Изборниот законик, Законот за Влада по скратена постапка, а против пакетот измени гласаа независните пратенички Роза Топузова Кареска и Солза Грчева.
Овие измени беа договорени на средбите на партиите потписници на Пржинскиот договор, за одржување на предвремни парламентарни избори и за излез од долгата политичка криза.Предлагачи на Законите беа кординаторите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на СДСМ Горан Сугарески, заменик кординаторот на ДПА Беким Фазлиу и пратеникот на ДУИ Артан Груби.
Со донесените измени Министерот за внатрешни ќе може да смени 15 раководни лица. Сто дена дена пред изборите ќе се формира Преодна Влада со двајца министри и тројца дополнителни заменици од опозицијата, која ќе си поднесе оставка дента кога ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од изборите.МРТВ ќе основа канал со програма само на албански јазик. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги ќе формира петчлено тело за набљудување на изборите. Имплементацијата на овие закони ќе ја оценат лидерите на 31 август и ќе проценат дали има услови за кредибилни избори./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

