Македонија
Собранието изгласа формирање Универзитет „Дамјан Груев“
Со 67 гласа „за“ и шест „против“ владејачкото мнозинство во Собранието, во вторник, во отсуство на опозицијата по скратена постапка го изгласа Законот за формирање на Универзитетот „Дамјан Груев“.
Новиот Универзитет за одбрана, безбедност и мир, со новиот владин предлог на законот кој во понеделник пристигна во Собранието е проширен со уште три нови факултети – економски, градежен и архитектонски.Според владејачкото мнозинство, со овој универзитет, студентите ќе имаат уште една можност самите да направат избор каде ќе студираат, да не бидат манипулирани и рекетирани.Пратениците од опозицијата пак, ја бојкотираа седницата на Собранието, по одлуката за замрзнување на сите собраниски активности додека Уставниот суд не се изјасни за уставноста на Специјалното обвинителство.Независната пратеничка Солза Грчева, смета дека со ваквиот Универзитет, се прави обид за паралелен систем и дисквалификација на најстариот Универзитет „Кирил и Методиј“.„Јас овој проект го гледам како штетен политички проект кој ќе нанесе само поголем удар во високото образование. Штета е што опозицијата не го истера ова до крај и не дозволи формирање на овој Универзитет. Поднесовме девет амандмани да се обидеме да направиме некои суштински промени во ваквиот концепт, но се разбира ниту еден амандман не беше прифатен. Удар дополнителен се врши на УКИМ, на најстариот Универзитет на Македонија“, рече ГрчеваЗаменик – министерот за образование Спиро Ристовски, тврди дека идејата е да се зголеми квалитетот на високото образование.„Идејата за основањето на Универзитетот е да се зголеми квалитетот на високото образование и пред сѐ во неколку области кои се од исклучително значење за Република Македонија. Тоа ќе биде Универзитет кој нема да има големи и масовни квоти на запишување, напротив тоа ќе биде Универзитет на која ќе се фокусира целата академска јавност во насока на подобрување на квалитетот, а не за хиперпродукција на кадри“, реплицираше Спировски.Пратениците од власта тврдат дека со досегашната ситуација во високото образование, просперирале само фамилијарните лози.“Мораме да признаеме дека е јавна тајна дека сите фамилии и студенти имале проблем. Тоа не треба да даде генерална слика на сите професори, ама дека има монопл – има. Дали само фамилијарните лози просперираат – така е. Цели ходници се со исто презиме на Медицинскиот факултет, вие не можете да станете ниту асистент ако вашиот татко не бил професор на медицина или правен. Не можете да најдете градежен инженер за да го вработите, има апсолутен недостаток“, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.Пратеникот од редовите на ДПА Орхан Ибраими смета дека е навреда за Абанците што Универзитетот не предидува ниту една насока на албански јазик./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

