Македонија
Собранието изгласа повеќе закони од различни области
Пратениците во Собранието на Република Македонија во понеделникот на продолжението од дванаесеттата седница изгласаа повеќе закони од различни области.
По Дополнетиот предлог на закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам беа прифатени неколку амандмани поднесени на текстот на Предлог законот, кои се главно во насока на негово техничко подобрување.
Народните избраници гласаа и го донесоа и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, чија цел е транспарентно давање на договори за јавни набавки и ефикасно трошење на јавните пари.
Со ова законско решение се уредува самата постапка пред Бирото за јавни набавки и се врши натамошно објективизирање на негативната референца, како и регулирање на дополнителните работи, односно постапката за набавка без оглас.
Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност помина без расправа.
Олга Најденоска од ВМРО-ДПМНЕ за дополнетиот Предлог на закон за дополнување на Законот за високото образование, рече дека измените се однесуваат на обврската за обезбедување 50 универзитетски учебници – стручна литература кои се употребуваат на првите 10 рангирани универзитети согласно Шангајската листа од страна на јавните високообразовани установи во државата. Финансиските средства за оваа литература, според законот, ќе се обезбедуваат од буџетот на државата. Дополнувањата, појасни таа, се однесуваат на тоа обврската за овој вид литература да почне да се применува од 1 јануари 2015 година, а не како што првично се предвидуваше со законот, од 1 јануари 2016 година.
Собранието го изгласа и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, појасни дека законот ќе придонесе за поголема транспарентност, еднаквост и можност за конкурирање на сите заинтересирани за закуп на земјоделско земјиште, како и за поголема вредност на земјиштето.
За земјоделско земјиште над 10 хектари се предвидува формирање петчлена комисија, а се предлага и рокот за поднесување на понудите да не биде пократок од 20 односно подолг од 60 дена со што се овозможува дополнително време за прибавување на документите за учество во елктронското јавно надавање.
Со дополнувањата се предвидува Банкарската гаранција да биде безусловна и наплатлива на првиот повик со важност од 120 дена сметано од денот на јавното отворање на понудите.
Со предложените измени кои се однесуваат за земјиште до 10 и над 10 хектари е и обврската понудувачите да ги имаат подмирено давачките кон државата.
Пред пратениците помина и Предлог законот за основање Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
Поддршка од пратениците добија и Предлог законотот за изменување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем.
Измените и дополнувањата на Законот за ревизија ги образложи заменик министерот за финансии Ардијан Џељадини, кој истакна дека тие се во насока на усогласување со директивата на ЕК во однос на системот на контролата на квалитетот.
„Со законот се врши прецизно уредување на постапката и опфатот на контролната функција на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, како и утврдување на критериуми што треба да ги исполнуваат лицата кои вршат контрола на друштвата за ревизија и овластениот ревизор- трговец поединец. Контрола над друштвата за ревизија може да иницира и Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Извештајот од извршените контроли на работењето на ревизорските друштва задолжително се објавува на интернет страната на Институтот и Советот“, истакна Џељадини./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

