Контакт

Македонија

Собраниска седница за состојбата во поплавените подрачја

Објавено пред

Собранието во неделата напладне со едноминутен молк за жртвите од поплавите ја започна итната и вонредна седница посветена на ситуацијата што ја предизвика невремто и поплавите од 6-т август, на барање на пратеничката група од опозициската СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Во образложението, пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ истакна дека осум дена по невремето сé уште не може да се зборува дека постојат елементарни услови за живот во погодените области. Оцени дека прогнозата е дека ќе бидат потребно уште неколку месеци за реконструкција, откако прво темелно ќе бидат исчистени домовите.

Пратеничката група на СДСМ побара државата да обезбеди првична парична помош и целосно обештетување на жителите од скопскиот и тетовскиот регион и секаква одговорност, вклучувајќи и кривична за оној што ја сноси директната одговорност за катастрофата.

Предлогот е сега жителите првично да добијат ендократна помош по метар квадратен поплавена површина, а следниот месец, повторно парична помош за купување покуќнина.

Стојановски истакна дека реакцијата на институциите била задоцнета додавајќи дека секоја сериозна држава која има Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи со над 600 вработени, треба да има план и процедури за елементарни непогоди, кои може да бидат активирани веднаш. Мора да постои и спосок на мехнаизација што поседува државата.

Според Стојановски, поплавите можеби не можеле да се избегнат, но можеле да се спречат жртвите. Затоа тој побара кривична одговорност.

Никола Тодоров, како вицепремиер и министер за здравство рече дека сега не е време за политички поени туку за конкретна работа на теренот. Предочи дека на теренот има силен активизам и ангажираност на институциите кои заеднички работат на теренот.

Тодоров инфромираш дека досега 40 тимови за проценка направиле 3.000 увиди на домаќинства и ќе се обезбеди авансно плаќање за почеток, а на крајот ќе следи и целосно обештетување. 10 тмови извршиле и проценки на 600 автомобили, а направени се увиди и на земјоделските површини. На теренот се присутни и 2.000 припадници на полицијата за евакуација, како и 564 припадници на АРМ. За здравствената состојба на населението се ангажирани лекарски тимови во два пункта во Стајковци и Сингелиќ, кои освен основната здравствена заштита нудат и специјалистичка, додаде.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, зборуваше за помошта која ја пружа АРМ на терен, директно помагајќи им на лицата погодени од поплавите. Ангажираниот персонал од составот на армијата во кризните региони е распореден во пет сектори. Првиот сектор е Стајковци, каде има потреба од 150 до 300 лица, војници. Вториот сектор е Сингелиќ и Арачиново, третиот сектор е село Црешево, Смилковци, Раштански пат и Булачани. Четвртиот сектор е Инџиково, а петтиот Шипковица и тетовско, каде се ангажирани одреден број на воојници за да се спречат евентуални дополнителни штети на тој терен.

„Покрај директните активности на армијата за расчистување на теренот, ние како армија дадовме поддршка и на ЦУК, Црвениот крст и локалната самоуправа во повеќе области. Има одреден број машини и камиони за да се реализира расчистувањето на теренот и дадена е соодветна логистичка помош во транспорт на намирници за потребите на месното население“, рече Јолевски.

АРМ целосно беше посветена кон извршување на задачите. Покрај класичните задачи, упативме соодветни медицински тимови и припадници на единицата за биолошка и хемиска заштита за дезинфекција на куќите. Припадниците на АРМ заедно со локалното население преземаат и ќе продолжат да преземаат активности со цел побрзо да се надминат проблемите од оваа голема природна непогода. Бројот на ангажирани лица се движи помеѓу 400 и 650 лица, а припадниците на АРМ деноноќно 24 часа се на терен за да помогнат на населението. Директно работат со жителите, помагаат во расчистување на домовите, додаде министерот за одбрана

Од страна на МВР за ефикасно справување со последиците од невремето, а согласно упатството за оперативни постапки во услови на кризна состојба, беа преземени активности на брзо излегување на местото и за таа цел од страна на СВР Скопје изготвен е план за мерки на превенција, рано спречување и справување во услови со кризни состојби, рече министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, информирајќи за активностите преземени од страна на МВР за помош и расчистување на подрачјата погодени од поплавите.

„Беше формиран штаб кој ги координираше работите на терен. Министерството ги стави во функција сите човечки и материјално-технички ресурси со коишто располага. За спасување на лица и пронаоѓање на исчезнати лица ангажирани се припадници на СВР Скопје, единиците за специјални операции и хеликоптерската единица. Од одделот за специјални операции од периодот од 6 до 12 .08.2016 година, ангажирани се над 2000 припадници со моторни возила, специјални оклопни возила, механизација и хеликоптери, кои учествуваа во спасување на лица, евакуирање, укажување на медицинска помош, извлекување на возила, чистење на поплавени куќи, испумпување на вода, чистење на јами, речни корита и одводни канали. МВР на дневна основа ангажира 200-300 полициски службеници и 24-часовно покривање на кризното подрачје. За поефикасно следење на активностите беше формиран оперативен штаб. По утврдената динамика на работење согласно насоките од дежурен јавен обвинител, екипи од МВР и тим од погребално претпријатие „Бутел“ беа пронајдени, идентификувани и документирани 22 случаи на починати лица, сите македонски државјани. 18 од нив се со живеалиште во општина Гази Баба, две од Крива Паланка и по едно лице од Тетово и Куманово. Како исчезнато лице во моментов е евидентирано 16-месечно бебе, истакна Чавков.

Евакуирани се повеќе од 2.500 лица и укажана е медицинска помош на над 500 лица во исклучително опасни услови по живот. Припадниците на МВР вршат 24-часовно полициско патролирање на целиот простор, а преземаат координирани мерки и активности за контролирање на сообраќајот во и надвор од подрачјето. Целокупниот простор е пребаран, а биле идентификувани сопствениците на патничките и товарните моторни возила зафатени од невремето, а возилата биле дислоцирани до нивните сопственици, ги информираше пратенциите мибистерот за внатрешни работи.

Министерството за транспорт и врски заедно со Јавното претпријатие за државни патишта со сите нивни ресурси успеа да обезбеди дополнителна механизација, алат и работна сила во сите населени места и обиколницата од преку 50 приватни фирми, локалните самоуправи, јавните претпријатија, државните институции и други, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на собраниската седница. Нагласи притоа дека на постојана основа се комуницира со лицата определени за одговорни од страна на компаниите кои отстапија механизација, се со цел навремено извршување на работите на критичните места и полесна координација.

„По интезивното невреме со пороен дожд, кој што предизвика поплавување и оштетување на делници на обиколницата на Скопје, на 06 август 2016 година, Јавното претпријатие за државни патишта веќе наредниот ден излезе на терен за да изврши увид во направените штети и да предложи План со градежни работи за фазно санирање на најоштетените делници на обиколницата на Скопје, а со оглед на големината на оштетувањата и потребните средства за санација. Со оглед на обемот на оштетувањата, обиколницата мораше да се затвори за сообраќај. Така, прв приоритет беше истата да се оспособи за сообраќај. Македонија Пат со помош од градежната оператива во Република Македонија, пристапи кон преземање најпотребни активности за ставање во функција на обиколницата на Скопје“, рече Мисајловски.

По излагањето на ресорните министери и консултацијата на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, во тек е парламентарната дебата.

Софија Куновска од опзоициската СДСМ му се обрати директно на Тодоров, посочувајќи дека оваа земја страда од тоа што оние за што се платени не го работат тоа.

„ Дали имате претстава во колкава нова опасност ги внесувате граѓаните, со тоа што ги повикувате граѓаните да волонтираат без да бидат обучени и ги изложувате на опасностите од епидемии? Не кажавте дека три дена не можеа граѓаните да ги подигнат телата на починатите од Бутел. Ќе побарате ли одговорност од МТВ која до 2 по полноќ немаше информација што се случуваше во скопско? Ќе кажете ли колкава е бројката на жртвите? Македонските институции се карикатури од институции. Ниту една институција не си ја знае работата,. Сите беа занемени дури Груевски не се врати од годишен одмор“, рече Куновска.

Спроед неа, институциите служеле само за вработување на партиски кадри и запраша дали е нормално да затаи Управата за Хидрметеоролошки работи. „Полицијата и војската затаија. Груевски издава наредби, но во кое својство? Како може тој да дава задачи да се одржи седница на Влада. Време е за одговроност, и тоа политичка и кривична Фактурата за секоја бесправна градба, лоповлук, партизираност, исечени дрвја, ја плаќаме со животи. Сета помош да биде јавно достапен документ за да нема сомнежи за злоупотреби. Во колку часот беше затворена обиколницата? Евакуацијата на жените и децата беше дури вчера“, рече Куновска.

Реплицираше Тодоров, кој забележа на Куновска дека прави партиски маркетинг. Оцени дека е некоректно да се каже дека МВР „спиело два дена“, бидејќи МВР и АРМ веднаш се вклучиле во остварување на нивните задачи.

Куновска, пак, праша кога ја прекинале обиколницата за возила и истакна дека евакуацијата на најранливите категории на граѓаните се случува речиси една недела по поплавата./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.

Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.

„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.

Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.

„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.

Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.

„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

dobivaj vesti na viber

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.

Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.

На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.

Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Објавено пред

Од

На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија7 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија8 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија9 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија9 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија11 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа12 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет12 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...