Македонија
Сончево и топло, попладне можен краткотраен дожд
Сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд во северозападните планинските подрачја.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 27 до 36 степени.Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 17 и дневна до 34 степени.УВ индексот ќе изнесува 8.Во текот на следната работна недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса времето ќе биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито. Во понеделник попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинртензивни. Потоа во следните денови ќе има врнежи со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурите од вторник ќе бидат значително пониски. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

