Македонија
Сончево со мала до умеренa облачност, од среда значително опаѓање на температурите
Времето во вторник ќе биде сончево со мала до умеренa облачност, по одделни котлини во утринските часови има појава на ниска облачност и слаба магла, во текот на денот ќе се расее.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 6 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 19 и 24 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со појава на слаба магла. Утринската температура е 10, а максималната дневна ќе достигна до 22 степени.
Во среда ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд.
Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува и в четврток, кога се очекуваат и нешто пообилни врнежи, особено во јужните делови.
Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и в петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.
Од среда попладне ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите за 7 до 10 степени./крај/ухмр/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

