Македонија
Сончево со умерена облачност, попладне можен дожд и грмежи
Во неделата времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а околу пладне и попладне, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во вечерните и ноќните часови повеќе врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а УВ индексот ќе биде со вредност 5.
Подрачјето на земјата постепено потпаѓа под влијание на циклонска активност од Медитеранот. Така, во недела попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните и ноќните часови во западните делови. Количесвото на наврнат воден талог ќе биде умерена.
Во Скопје повеќе услови за нестабилност има во недела попладне и кон крајот на денот.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. . Од вторник под влијание на постудена воздушна маса од север, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено во вторник.
Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната недела ќе се движат од 17 до 23 степени.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се преземат соодветни активности за заштита од поплави./крај/ухмр/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

