Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Велес во прекин поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода на патниот правец Скопје-Велес пред тунелот Катланово, сообраќајот е во прекин за сите видови на возила.
Сообраќајот на патниот правец Велес-Катланово се одвива отежнато и забавено во долга колона.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови и со големи остатоци од снег по коловозите.
На патнитe правци Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато поради големи остатоци од снег, има забрани за движење на тешки товарни возила. Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

