Македонија
Сопругот на Јанкулоска именуван за прв човек на Инспекцискиот совет
Влатко Илиевски, сопругот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, официјално е именуван за претседател на Инспекцискиот совет, со одлука на Владата, која ја потпишал вицепремиерот и министер заздравство, Никола Тодоров, според објавата од понеделникот во „Службен весник“, пренесуваат медиумите.
Сопругот на Јанкулоска претходно беше советник во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски, а во 2013 година стана и независен член на одборот на директори на Македонската берза за хартии од вредност.
Два месеца, ан 18-ти август, Илиевски беше избран за в.д. претседател на оваа институција, а сега и официјално застана на чело на Инспекцискиот совет. Оваа должност го става имено во позиција да биде прв човек на 28-те инспекциски служби.
Поради тоа, што неговата сопруга Јанкулоска се соочува со неколку истраги во кои таа е осомничена за дела кои ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО), јавноста веднаш реагираше дека станува збор за очигледен непотизам. Покрај тоа, се поставува и прашањето дали можеби нема да стане збор за судир на интереси доколку СЈО во истрагите за неговата сопруга, побара информации од споменатите Државни инспекторати, на коишто сега шеф им е токму Илиевски./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

