Македонија
Спорните гласачи ќе бидат објавени на веб страната на ДИК
Имињата на спорните гласачи од избирачкиот список, кои се предмет на теренска проверка, ќе бидат објавени на веб страната на ДИК.
Имено, на седницата на ДИК, одржана во понеделникот, за предлогот поднесен од Бедредеин Ибраими член на ДИК од ДПА, за објавување на имињата на спорните гласачи на веб страната на комисијата, гласаа членовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Сашо Срцев, Субхи Јакупи од ДУИ како и експертскиот член Реџеп Прекопуца.Со одлуката ќе бидат објавени имињата на 87.362 кои се дел од теренската проверка.Бонева рече дека процесот со ова ќе биде по транспарентен, за да може гласачите да знаат дека се спорни и да знаат дека ќе ги посетат анкетарите.Членовите на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, предлогот го оценија како незаконски и спротивен на методологијата усвоена од политичките партии. Теренската проверка на податоците на 89.338 гласачи за кои постојат несоодветни записи во избирачкиот список и другите дата бази од државните институции се врши со 488 анкетари во 80 општини во земјава.Првиот ден од теренската проверка помина без посериозни проблеми и се очекува дека проверката ќе заврши до 3 април, информираат од Државната изборна комисија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

