Македонија
ССНМ организира собир во чест на убиените новинари на „Шарли Ебдо“
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во недела попладне, во Паркот на новинарите (спроти зградата на некогашната НИП Нова Македонија), организира собирање во чест на убиените новинари и на другите жртви во Париз.
Собирот е инициран од повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари и на француските новинарски синдикати како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно во недела 15 часот да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во Париз во просториите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“. „ССНМ се придружува на повикот и ја повикува новинарската фела и граѓаните да дојдат во Паркот на новинарите каде ќе можат да остават пораки со поддршка до колегите од Франција и од каде заедно ќе маршираме до Француската амбасада во Скопје. Со симболично оставање моливи да ја покажеме сплотеноста на професијата и на граѓаните во одбрана на правото на слобода и на пркос без кои новинарството не е можно“, се вели во соопштението. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

