Македонија
ССНМ: Политичките елити ги оставаат новинарите со часови да чекаат на студ

Самостојниот синдикат на новинари најостро протестира поради третманот на новинарите и медиумските работници од страна на политичките елити.
Во вторникот попладне, но и на секоја средба меѓу политичките партии, на претставниците на медиумите кои ги следат преговорите не им се дозволува да влезат во Клубот на пратениците и се оставени со часови да чекаат надвор од објектот на студ.„Синдикатот сака да потсети дека таквиот однос, кој што се повторува во континуитет, не е однос кон новинарите и медиумите, туку е однос кон јавноста генерално, со што политиката покажува колку ги цени сопствените граѓани и нивното право да бидат информирани. Цинизмот на политичките елити во нивниот потценувачки и понижувачки однос е дотолку поголем, бидејќи вчера требаше да се преговара за ДИК, но и за истите тие медиуми чии што претставници беа оставени со часови на студ да ги чекаат резултатите од преговорите“, реагираат од Синдикатот.ССНМ бара од сите политичари и институции во иднина на новинарските екипи да им овозможат елементарни услови за работа и „потсетуваме дека силно ќе го креваме нашиот глас пред домашната и меѓународната јавност за условите со кои се третирани медиумските работници од страна на политиката“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Додека Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, велат од СДСМ

Според СДСМ, она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија.
Според оваа партија, додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите.
„Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите.
За овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ.
Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“.
Од оваа власт, додаваат од СДСМ, не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.
„Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта“.
Македонија
Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“ и повиците во јавноста каде е, и зошто молчи.
„Додека Орце Самка Ѓорѓиевски ми прави нарачки поврзани со последниве настани, ајде да го едуцираме бидејќи нема знаење, ама покрај голема желба и очигледно вложува и многу пари во ПР за да се промовира за град Скопје.
Кај си да писнеш за УСЈЕ кој е утврден голем загадувач со ПМ и азотни оксиди многу над дозволеното, да престане да не труе со согорување 365 дена во годината?
Вардариште е на општина Гази Баба.
Пред скоро 2 години, за прв пат по 60 години град Скопје во целост го исчисти делот под надлежност на јавното претпријатие Комунална Хигиена и на таа локација повеќе не се генерира отпад“.
Останатиот дел од таа локација кој се протега на 60 илјади метри квадратни, појаснува во напишаното Арсовска, е надлежност на општина Гази Баба и според неа, општината има право и обврска да го одржува или оплемени просторот, со своите инспекциски служби да делува на лицата кои се обидуваат да креираат диви депонии, а надлежност има и Министерството за животна средина кое со Државниот инспекторат може да делува за санкционирање на истите сторители како и општината.
„Дополнителна надлежност за дивите депонии и потпалувачите на отпад има и Министерството за внатрешни работи.
Фабриката во Трубарево е надвор од ГУП и град Скопје нема никаква надлежност таму. За таму барај си го градоначалникот на Гази Баба, ама ако онака непристрасно писнеш како што треба ќе му штетиш на рејтинг. Значи и тоа не можеш, затоа подобро и за ова да си поќутиш.
Дрисла не согорува од 2022 година, кога е ставен во употреба автоклавот за стерилизирање и компримирање. За пироманите барај си го Панче Тошковски и наместо да се сликате како “џогирате” низ парк само за кампања, не ќе беше лошо за промена да му кажеш да се обиде да фати некој од сторителите.
Ај сега иди пак сликај се сред некој пожар како загрижено гледаш, иако сред таква беља секој вообичаено размислува како да помогне, а не како да се слика“, пишува Арсовска.
Македонија
Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.
Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Дејан Мираковски, ги презентираа првичните информации.
Надлежните институции информираа дека екипи биле на терен од првиот момент, презеле соодветни мерки и редовно ја известувале јавноста.
„Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи. Очекувањата се, официјалните лабораториски резултати да бидат достапни до петок.
Мираковски посочи дека тимот од лабораторијата АМБИКОН при УГД – Штип веќе поставил мерни станици за мониторинг на квалитетот на воздухот и дека во рок од една недела ќе се добијат првични резултати.
Министерството, додаваат од таму, ќе ја информира јавноста веднаш по добивањето на сите анализи.