Македонија
ССНМ: Предупредувањата на обвинителството се заканувачки
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги отфрла како што ги нарекува „заканувачките предупредувања“ на Јавното обвинителство дека „објавувањето на матерјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“.
„Новинарите кои ќе дојдат до матерјали поврзани со информации за потенцијален судир на интереси, за погрешно информирање на јавноста преку изјави или постапки на службени лица, организации или власти, за неетично или незаконско однесување на функционери, за злосторства или сериозни прекршувања на закон имаат професионална обврска тоа да го објават. Тоа е суштината на фундаменталниот принцип на новинарството – информирање во јавен интерес и почитување на уставното право на јавноста да знае! Тоа е кредото на професијата безоглед што за тоа другите, вклучително и власта, мислат!“ се вели во реакцијата на ССНМ.Според синдикатот, никакви предупредувања на Јавни обвинителства не смеат да бидат оправдување за повлекување од основната задача на новинарството, да го брани јавниот интерес така што ќе и помогне на јавноста преку информациите што ги пренесува, самата да донесе да донесе сопствена одлука и сопствено мислење за прашањата и случувањата во општеството.Откако на медиумите протекоа снимки од средба меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинителството побара веднаш да запре објавувањето и емитувањето на материјали за случајот „Пуч“ кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

