Македонија
Streetwear колекција хајлајт на 28. Моден викенд Скопје
Пролетното 28. издание на Fashion Weekend Skopje (FWSK) кое минатиот викенд се одржа во трговскиот центар „Ист Гејт“ претставуваше спој на одржливоста и стилот.
Меѓу најголемите трендови надвор од модните писти, кој модните ентузијасти брзо го прифатија е познатиот „streetwear“ и „streetstyle“ стил. Се работи за феномен што со сигурност сè повеќе доминира и надвор од модните писти.

Хајлајт настан на годинашниот Моден викенд Скопје беше ревијата „DISCIPLINA – Powered by IQOS“ на дизајнерката Ивана Давидовиќ, што претставуваше редефинирање на уличната облека со цел. Завршниот чин на претпоследната вечер на FWSK ја презентираше колаборацијата преку која боите на IQOS ILUMA заживеаја на модната писта, преку софистицирана streetwear колекција, која ги отсликува двата бренда.

Ревијата поттикната од партнерството со IQOS, смарт партнер на FWSK е доказ за етосот на брендот за поврзување на естетската привлечност со одржливоста и иновативноста. Најновата колекција на Давидовиќ, не само што ја предвидува иднината на модата, туку тоа го прави со непоколеблива посветеност во изработката.

DISCIPLINA (IS DOING WHAT NEEDS TO BE DONE) е српски бренд за улична мода од Белград, основан во 2016 година. Нивните машки, женски и унисекс колекции се наменети за смели и самоуверени луѓе, додека самиот бренд е удобен, уникатен и кул. Од своето деби во 2016 година, брендот креираше сопствен моден правец, со беспрекорно мешање на софистицираноста и модерноста, поткрепена со посветеноста на безвременскиот квалитет.

ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

