Македонија
Студентите и професорите на протест пред Собрание
Студентите и професорите во понеделник во 11 часот по четврти пат ќе излезат на протест против измените на Законот за високо образование, овој пат пред Собранието, каде е закажана седница на чиј дневен ред е токму новиот предлог Закон.
„Ако сега замолчиме, ќе се вратиме во апатичната сонливост и умствена умртвеност од која штотуку се разбудивме. Ако сега замолчиме, ја отфрламе сета општествена одговорност која ја носиме како студенти и интелектуалци, и ќе ја згаснеме сета надеж која ја разгоривме кај сите граѓани на оваа земја со досегашната храброст. Сите заедно да се спротиставиме на нивниот молк, да одговориме со погласен непокор“ повикуваат од Студентскиот пленум.
Од Професоркиот пленум најавуват дека ќе организират отворено собрание на Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија.
„На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање на претстојните масовни демонстрации на незадоволство и револт како и начинот на организиран отпор кон предложените штетни измени во образованието. На дневен ред на собраниската седница којашто е закажана за на пладне, се Законот за високо образование и другите измени коишто ги донесе Владата за образованието. На народните избраници ќе им се достават писмата на професорите од Македонија, писмото на странските професори и писмото на студентите со кои се искажуваат аргументите за нашето неприфаќање на предложените измени и дополнувања на Законот за високото образование. Отворањето на постапката на пленарна седница на Собранието на Република Македонија во спротивност со јавно искажаниот став на најзасегнатите од овие промени, за нас е неприфатлив и недемократски чин и затоа најавуваме уште поголема мобилизација и масовно противење на ваквиот начин на носење на одлуките“ најавуваат од Професорскиот пленум.
Собраниската седница на којашто ќе се расправа за измените на Законот за високо образование и другите Закони коишто ги донесе Владата за образованието е закажана за на пладне. Законите го поминаа првото читање на собраниската Комисија за образование./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

