Македонија
Студентите не отстапуваат од своите барања

Дел од студентите ноќеска останаа во просториите на некои од факултетите на Универзитетот Свети Кирил и Методија, продолжувајќи со акцијата која ја нарекуваат ’окупација на УКИМ’, со цел да издејствуваат повлекување на Законот за високо образование, а не само негово одложување.
Инаку пратениците во среда во Собранието изгласаа овој Закон да биде ставен во едногодишно мирување.
За четврток, во кампусот технички факултети во Скопје, студентите ќе изразат солидарност со колегите на Филозофскиот и Филолошкиот факултет, притоа прогласувајќи Автономна Зона на техничките факултети. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

Адвокатот Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања и Панче.
Палевски продолжува да го брани адвокатот Јовица Страшевски.
Денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев.
Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Македонија
Муцунски: Благодарам на Србија за помошта, вашата држава, лекарите и народот беа меѓу првите што реагираа

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, денеска изрази длабока благодарност до Србија и српскиот народ за помошта и солидарноста што ја пружија по трагедијата во Кочани.
Тој им се заблагодари за брзата реакција, особено откако премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, престојуваше во амбасадата на Македонија во Белград и се потпиша во книгата на жалост.
Муцунски истакна дека Србија е меѓу првите земји кои помогнаа во оваа трагедија, која префрли голем број повредени во болници, а министрите Вучевиќ и Марко Ѓуриќ веднаш покажаа емпатија и дадоа поддршка.
„Вашата држава, лекарите и народот беа меѓу првите што реагираа. Ви благодариме за се што направивте, како и на вашиот медицински персонал“, рече Муцунски.
Со помош на Србија, пациентите беа префрлени и во болниците во Солун, Софија и други земји.
Во Србија во четири здравствени домови се лекуваат 29 повредени лица со тешки изгореници.
Македонија
Црвениот крст продолжува со хуманитарна помош за настраданите и семејствата во несреќата во Кочани

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.
Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население.
Досега се обезбедни вкупно: 20.932.654,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.
“Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:
– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
– Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228“.