Македонија
Студентите од Пленумот прогласија ’автономна зона’ на факултетите
Со ’окупирање’ на Филолошкиот и филозофскиот факултет студентите од групата Студентски пленум којашто се противи на од владата предложениот државен испит, прогласија во средата „автономна зона“ и продолжија со заземање на економскиот и правниот факултет, повикувајќи ги своите колеги во предавалните „да го освојат Универзитетот назад“.
Во говорите кои ги држеа пред присутните, ’пленумци’ прашаа „како е можно да му веруваат на премиерот“ и зошто додека се случува нивниот собир, на јавниот сервис (МТВ) сé уште се врти спотот за тоа колку е добар државниот испит.„Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сложни, гласно на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование. Ајде да го освоиме назад универзитетот, време е да креираме автономна зона!“, порачуваат од Пленумот.И покрај средбата со премиерот Никола Груевски, на којашто договорија одложување на примената на Законот за високо образование за една година, тие најавија дека нема да ги напуштат факултетите се додека не се исполнат целосно нивните барање, односно се додека целосно не се укине донесениот Закон за високото образование.Бараат нов закон во чие изготвување ќе бидат вклучени сите страни.На граѓаните им порачаа дека ако сакаат да ја искажат нивната солидарност може да достават храна, ќебиња и санитарни материјали./крај/мф/
Извор: Фото:Студентски Пелнум/Фејсбук
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

