Македонија
Студентите се враќаат на настава
Студентите од четврток се враќаат на редовна настава, односно по договорот за изработка на целосно нов Закон за високо образование студентите ќе ги ослободат факултетите кои беа окупирани две недели.
Сепак остануваат автономите зони кои ги формираа студентите, во аулите на факултетите ќе продолжат алтернативните преавања на кои ќе се зборува за студентските барања, студентските прашања, студентските проблеми. Од Пленумот потенцираа дека на студентите нема да изгубат ниту семестар, ниту испити и дека во договор со професорите предавањата ќе се забрзаат и ќе се надокнадат.На вчерашната средба на студентите им било ветено дека нема да никаква надворешна евалуација на знаењето на студенттие.„Власта, надлежните ретерираа во својот став и попуштија пред нашите барања и сега добивме комплетно нов закон кој ќе се изработува по нова методологија и нов концепт и во чиешто изработување ќе бидеме вклучени и ние. Разговаравме за надворешно тестирање и ни беше ветено дека нема да има, а од друга страна и ние ќе учествуваме во работните групи, професорите и нема да прифатиме никаква форма на надворешно тестирање“ изјави Стефан Видиков, претставник на Студентскиот пленум во преговорите.Според проценките на студентите и професорите се очекува новиот предлог закон да биде изработен во рок од шест до осум месеци.„За шест до осум месеци имаме проценка да добиеме предлог текст, финална верзија. Нема да има веќе политички фигури во работните групи, ќе бидат државни службеници и од Министерството за образование и министерството за финансии и од владата“ изјави претставничката на Студентскиот пленум, Ивана Туфегџиќ.Во изработката на новиот Закон нема да учествуваат претставници од Студентскиот парламент.Во вторникот претставниците на ректоратот на УКИМ, на МОН и Студентскиот и Професорскиот пленум постигнаа договор да се донесе комплетно нов Закон за високо образование./крај/ффс
Извор: Фото:Студентски пленум
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

