Македонија
Судиите избираат Совет за утврдување на факти
Во сите судови низ Македонија во петок се гласа за избор за членови на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија.
Судскиот совет ги објави имињата на кандидатите. Од редот на пензионирани судии кандидати се: Благој Доновски, Блаже Трпевски, Васко Радевски, Верица Миновска, Злата Стамболиска, Јордан Лазаров, поранешната претседателка на скопска Апелација, Љупка Арсениевска, судијката во Кривичниот суд Павлина Христовска, Стевка Чесноска Танева.Кандидати од редот на пензионирани јавни обвинители се: Иван Јакимовски и Кире Секуловски. Од редот на пензионирани адвокати предложени се двајца кандидати: Махмут Јусуфи и Сашо Поцевски.Кандидати од редот на припадниците на заедниците, кои не се мнозинство во Република Македонија, доаѓаат од редот на пензионирани судии се Беќир Зулфиу, Беќир Исени, поранешен претседател на Судскиот совет, Јусуф Рустеми, Никола Михаилов и Фатон Пачуку.Од пензионирани јавни обвинители припадници на заедниците, кои не се мнозинство во Македонија, кандидат е Фета Исени.Законот за формирање на Советот беше изгласан во февруари оваа година, а целта е постапката за утврдување на одговорноста на судиите, покрај во постапка пред Судскиот совет, да може да се покрене и пред независно тело.Во членот три од Законот за Советот се наведува дека се забранува политичко организирање и дејствување во Советот. Понатаму, членовите на Советот во вршењето на функциите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност и Советот со својата работа оневозможува политичко влијание во судството.Гласањето почна во 8 чaсот утрово, а ќе таре до 17 попладне. Првичните резултати од гласањето се очекува Судскиот совет да ги објави во понеделник./крај/мф/
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

