Македонија
Судијата кој треба да одлучува дали Заев ќе биде приведен бил на одмор
Судијата на претходна постапка која ја издал мерката за претпазливост за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и кој треба да одлучи како ќе постапува судот откако Заев престана да ги почитува одлуките на судот, е на редовен, годишен одмор, информираат од Основниот суд Скопје 1.
До Судот стигнало известување од Основниот суд во Струмица дека Заев не се јавил во судот, иако имаше обврска еднаш неделно да се јавува во Судот во Струмица, како мерка на претпазливост за неговото обвинение во случајот „Пуч“.„Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Струмица го извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје дека на 06.07.2015 година во 9:25 часот бил исто така известен од секретарот на Општина Струмица, дека г-дин Зоран Заев тој ден нема да се јави во судот. Исто така, секретарот на општина Струмица не дал никакво оправдување ниту образложение за неговото отсуство и истото е наведено во известувањето кое го добивме. Ова известување е доставено до надлежниот судија на претходна постапка при овој суд, кој ја издал мерката за претпазливост, за кој информираме дека во моментов користи денови на редовен, планиран годишен одмор, а по неговото враќање соодветно ќе постапува по ова известување“, соопштуваат од Судот. Заев е четвртообвинет во случајот „Пуч“ за насилство спрема највисоки државни органи, а минатата недела изјави дека не го почитува судот и дека нема да се јавува бидејќи според него, правосудството било под целосна контрола на власта./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

