Македонија
Судијата појасни дека за Бошкоски нема притвор за „Ровер“
На рочиштето за случајот „Ровер“, во петок, судијата кој го води процесот кажа дека ја известил управата во затворот во Идризово дека нема притвор за Љубе Бошкоски во овој предмет и дека оваа постапка не е пречка за негово пуштање од затворот.
„На барање на адвокатот го известив затворот во Идризово дека ниту имало, ниту ќе има притвор за Љубе Бошкоски во предметот „Ровер““, вели судијата, пренесе А1он.Директорот на затворот во Идризово, Живко Пејковски тврдеше дека не може да го ослободи Бошкоски поради рочиштето за „Ровер“ закажано за 8 април, односно зошто против него се водел друг процес.Според законите и поради добро поведение Љубе Бошкоски треба да биде ослободен од затворот во Идризово.Пејковски од страна на партијата на Бошкоски беше обвинет дека е еден од учесниците на тортурата која се спроведува кон поранешниот министерот за внатрешни работи и најавена е кривична пријава против него. Според Обединети за Македонија, Пејковски за да ги зачува сопствените привилегии, постапува по наредба на власта да го држи Бошкоски во затвор, а во меѓувреме потпишува решенија и на 90 дена пред истекот н казната за други затвореници.Во петок, рочиштето за „Ровер“ беше одложено за 22. април, поради тоа што еден од обвинетите е болен.Инаку, петгодишната затворска казна на Бошкоски истекува на 5-ти јуни. Бошкоски ја одлежува казната за случајот „Кампања“ за кој беше обвинет на пет години затвор за нелегално финансирање на изборна кампања. Против него се води и случајот познат во јавноста како „Ровер“, каде се товари за соучество во ликвидација./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

