Македонија
Судијката ќе нареди приведување за Заев за следното рочиште

Судијката Љубинка Башевска, во случајот „Пуч“, каде е обвинет и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, ќе нареди за следното рочиште стражарно приведување на Заев, кој не се појави на судењето, по петти пат, поради „меѓународни активности“.
„Досега многу толерирав. Очигледно господинот Заев толку инсистира, што мора на наредното рочиште јас да наредам стражарно приведување. Очигледно почнува да си игра мајтап“, рече судијката Башевска.Неговиот адвокат, Филип Медарски, се обиде да ѝ објасни на судијката дека на наредното рочиште очекуваат да се пренесат надлежностите на Специјалното обвинителство и дека Заев ќе се појави следниот пат.Тој се повика на новиот Закон за специјалното обвинителство, но судијката не сакаше да дискутира.На денешното рочиште, според адвокатот, Заев не дошол бидејќи имал меѓународни активноси и денеска патувал до Цирих, преку Барселона до Палма де Мајорка. Според него, таму имал службени активности, состаноци и средби. Првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, беше револтиран бидејќи во затворот му ги одзеле фотогрфиите од неговите внучиња, кои му ги пратиле во пакетот со храна. Судијката рече дека многу е непримерно во храната да се ставаат фотографии. Верушевски се сомнева дека сликите му биле одземени, бидејќи на нив бил и Заев.Судењето се одложи за 2-ри декември, јави репортерот на Макфакс од Основен суд Скопје 1 Скопје.Заев во процесот „Пуч“ е четвртообвинет и се товари за насилство кон државни функционери. Во судскиот процес „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.По објавувањето на `бомбите` од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.
Македонија
(Видео) Коњановски: Хотелот „Битола“ ќе се адаптира во Дом за стари лица – проект по иницијатива на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, порача дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека заедничкото размислување, пишување и работа се клучот за подобро секојдневие.
„Една од најзначајните иницијативи што ја предложија граѓаните е адаптацијата на хотелот ‘Битола’ во Дом за стари лица – место кое ќе овозможи достоинствен живот, грижа и внимание за највозрасните сограѓани“, изјави Коњановски.
Меѓу останатите приоритетни предлози се: бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 3 одделение, обезбедување униформи за децата од 1 до 5 одделение, организација на летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивоградбите и гаражите, особено во Нова Битола.
„Вистински избор се проектите создадени од граѓаните, за граѓаните. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието“, нагласи Коњановски.