Македонија
Судот ги врати обвинителниот предлог од СЈО за осомничените од УБК
Судот го врати обвинителниот предлог против лицата Г.Г и други лица за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“ затоа што во доказите не постоел акт за декласификација.
„Со цел задржување на навременото и транспарентното работење на овој суд, а во врска со преземањето на одредени дејствија на судиите за предмети кои деновиве се во фокусот на вниманието на јавноста, Основен суд Скопје 1 – Скопје информира дека судијата кој треба да постапи по обвинителниот предлог во скратена постапка против Г.Г. и други лица осомничени лица за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“ од чл.361 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, поднесен од страна на Специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), со допис ги врати доставените докази во прилог на обвинителниот предлог на СЈО“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1 .
Од таму информираат дека во дописот од СЈО се наведува дека во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот.
Покрај обвинителниот предлог за седумте осомничени, службени лица од УБК, за кривичното дело фалсификување на службена исправа, СЈО поднесе уште еден обвинителен предлог до Кривичниот суд што се однесува на случувањата во Општина центар во кој се опфатени 14 лица осомничени за насилство./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

