Македонија
Судот го одби предлогот на СЈО, алфите осомничени за „Тортура“ остануваат во МВР

Судија на претходна постапка го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерки на претпазливост за осомничените припадници на полициската единица „алфи“, осомничени за нечовечко постапување при апсењето на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.
Тоа значи дека Командирот на полициската единица „алфа“, Ивица Антевски – Пуки и останатите петмина осомничени остануваат на работа во Министерството за внатрешни работи, иако СЈО предложи да им се забрани вршење на сите полициски овластувања.„Судот не го прифати предлогот на СЈО, а со тоа и не им определи мерка на претпазливост – забрана за вршење на сите полициски овластувања кои осомничениот ги има како полициски службеник и конкретни забрани за вршење на работи и работни задачи и овластувања кои ги има согласно актите за систематизација“, се вели во соопштението од Судот.Првоосмничен во овој случај, кој го отвори СЈО, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, но за него Обвинителството не побара ниту притвор, ниту мерки за претпазливост./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.