Македонија
Судот ќе одлучува за учеството на Левица на изборите
Жарко Петрески од Скопје, претставувајќи се како основач и член на Левица побарал партијата да не учествува на претстојните парламентарни избори, бидејќи го прекршила партискиот статут.
Но, од Левица велат дека тој е манупиулатор, а оваа негоа иницијатива ја толкуваат како страв на актуелната власт од она што партијата може да го постигне на изборите.
Инаку, тој до Основниот суд Скопје поднел предлог за донесување привремена мерка за забрана за оваа партија да учествува на престојните предвремени парламентарни избори во декември, бидејќи во втората половина на октомври од лица од партијата бил информиран оти Централниот комитет на Левица на седница на 16 октомври со мнозинство гласови донел одлука партијата самостојно да настапи на изборите на 11 декември.
Оваа одлука, како што напишал подносителот во дописот до судот, била во целост спротивна на статутот на Левица, поточно на членот 26, став 1, каде било прецизирано дека одлуки за учество или бојкот на избори донесувал Пленум, а не ЦК, за што на увид на судот го доставил и партискиот статут, донесен на 6 февруари годинава.
Здравко Савески, член на президиумот на Левица, вели дека човекот што има поднесено предлог за донесување привремена мерка за забрана Левица да учествува на престојаните предвремени парламентарни избори во декември, не е помеѓу основачите на партијата.
„Не очекуваме дека ова ќе значи дека ќе ни биде негирано правото на учество на изборите. Очигледно е дека режимот се уплашил од Левица, но нема да им успее. Ќе биде фрапантно и преседан ако на ваков начин на една политичка партија ѝ биде забрането учеството на изборите. Ова е еден од типичните начини на режимот да направи притисоци“, изјави Савески.
Савевски вели дека добиле известување од судот и дека ќе ја чекаат официјалната одлука, но дека тоа нема да ги спречи да продолжат со предизборните активности и со подготовките за предвремените парламентарни избори на 11 декември./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

