Контакт

Македонија

Судот одбил претрес, но го викнал Г.Г. на сослушување

Објавено пред

Судија на претходна постапка го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство да издаде наредба за претрес во домот на лицето Г.Г., затоа што според законот за ова обвинителство, најпрво треба да биде утврдено дали тоа е стварно надлежно во тој случај, појаснуваат до Основниот суд Скопје 1.

dobivaj vesti na viber

Сепак, како што појаснија од судот, непосредно по поднесувањето на наредбата за претрес, а по изјавената несогласност на судијата за претходна постапка СЈО до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за истото лице. „Со оглед дека лицето за кое се однесува предлогот не беше обезбедено пред овој суд, судијата на претходна постапка согласно одредбите на ЗКП каде во Глава XVI се предвидени мерки за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка за наведеното лице, издаде покана да се јави веднаш во текот на денешниот ден во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштија од Основниот суд Скопје 1..„Во врска со прашањата од повеќе медиуми за наредбата за претрес против лицето Г.Г.,  во текот на вчерашниот ден (вторник) од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) до овој суд беше доставено барање за издавање на наредба за претрес во дом на осомничениот Г.Г. Судија на претходна постапка постапи по ваквиот предлог при што не се согласи со истиот“, велат од судот. „Согласно чл.17 ст. 1 од ЗКП произлегува дека предуслов на судија за претходна постапка да постапи по барање на ова обвинителство е најпрво со сигурност да утврди дека ова Јавно Обвинителство е стварно надлежно во соодветниот случај кој би произлегол од конкретна содржина на незаконито следење на комуникации.Од барањето за издавање на наредба за претрес во која се наведува дека наредбата се бара заради пронаоѓање траги на кривични дела и предмети, најпрво неопходно е да се утврди овластувањето на СЈО дека конкретните предмети кои треба да произлезат од претресот се поврзани со содржината на незаконското следење на комуникации“, соопштуваат од судот.Појаснуваат и дека „не се определени и не е даден прецизен опис на предметите чие што одземање се бара туку се користи општа терминологија на предмети кои можат да се пронајдат во сечиј дом, имајќи предвид дека согласно чл.189 ст.1 алинеа 5 од ЗКП наредбата за претрес треба да содржи опис на предмети што треба да се пронајдат при претресувањето“.СЈО пак, за 11 часот закажа прес-конференција, тематска, на која се очекува да бидат појаснети дејсвтијата преземени во вторник.Неофицијално, според медиумите, лицето од УБК по кое се трага е началникот на петтата управа Горан Грујоски, кој во моментов не е достапен за СЈО, а полицијата го бара за да овозможи негово сослушување./крај/со/бб

Македонија

Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион

Објавено пред

Од

Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино.

dobivaj vesti na viber

Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој.

Со новата механизација значително се зголемува оперативниот капацитет на Русино и се воведуваат современи стандарди во секојдневното работење. Оваа активност е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во државата.

Во следната фаза е предвидена инвестиција од околу 14 милиони евра за рехабилитација и проширување на депонијата, што вклучува изградба на нови депониски ќелии, систем за управување со исцедок и биогас и затворање на постојната депонија.

„Со тоа се обезбедува целосно усогласување со европските стандарди и воспоставување модерен регионален систем што значи крај на дивите депонии и почиста животна средина за граѓаните во Полог“, рече министерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанчев: Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално

Објавено пред

Од

Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално, изјави на денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти претставуваат директно стимулирање на дивоградбите и продлабочување на урбанистичкиот хаос.

Јанчев потсети дека законот од 2011 година, кој требало да важи шест години, со низа продолжувања се развлекува на вкупно 20 години, со што наместо да се затвори прашањето за старите објекти, се поттикнува изградба на нови дивоградби.

„Градежното земјиште е ограничен ресурс, а како во природата, така и во општеството, мора да постојат правила за негово користење. Урбанистичките правила постојат за да создадат хумана средина за живеење, а кога не се почитуваат добиваме хаос и безредие. Немаме градски архитекти за одржување на урбаниот ред, немаме урбанистички планови, за многу населени места, а постојните се стари по 15–20 години и не одговараат на реалноста на терен. Планирањето не го води јавниот интерес, туку профитот, кој често е спротивен на јавниот интерес. Имаме населби со број на жители што не одговара на капацитетите на водоводната и канализационата мрежа, недостиг на паркинг места, сообраќајници низ кои не може да помине ни едно противпожарно возило. Во вакви услови да се продолжува рокот за легализација и да се стимулираат нови дивоградби не е паметно, туку е штетно, а може да биде и фатално”, рече Јанчев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ e класичен пример на политичка дезориентација

Објавено пред

Од

Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентацијаи дефокус од суштинските прашања вели портпаролката на Владата, Марија Митева, по обвинувањата на Андреј Жерновски од СДСМ дека таа признала дека Мицкоски управува во судството.

dobivaj vesti na viber

„Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето. Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС. Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори, продуцираат магла“, напиша Митева на социјалните мрежи.

Таа вели дека секогаш стои на кажаното и дека фактите зборуваат дека станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски е отфрлена, а барањето за надомест на штета е одбиено како неосновано.

„Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста. За разлика од СДС, ниту некогаш сум манипулирала, ниту ќе манипулирам со граѓаните. Мојот збор има тежина и е прашање на кредибилитет и личен интегритет.  Токму затоа е очигледно дека ваквиот тотално паничен настап произлегува од страв, страв од одговорност, страв од вистината и страв од прашањата на кои сè уште немаат одговор. Наместо да фабрикуваат конструкции, нека одговорат каде води случајот со 40 тони марихуана, кој сè бил вклучен. И уште низа други одговори за криминал и корупција кои како печурки после дожд секојдневно излегуваат. Јавноста заслужува одговори, а не политички театар“, вели Митева.

Според неа, нападите дека некој „управува“ со судовите потекнуваат од нивната долгогодишна пракса на такво практицирање, тоа време заврши.

„Јас нема да учествувам во нивната игра на креирање лажни скандали. Ќе продолжиме да инсистираме на владеење на правото, институционална одговорност и целосна транспарентност. Граѓаните гледаат кој нуди факти. Политиката мора да се води со интегритет, а не со конструкции и лаги“, вели Митева.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија4 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија4 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија6 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија6 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа7 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион7 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет7 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет8 часа

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија9 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет9 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија22 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија22 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија1 ден

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија1 ден

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија1 ден

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија1 ден

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија1 ден

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија1 ден

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија1 ден

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...