Македонија
Судот реагира на новинарските прашања за „Тендери“, со постапките на СЈО се прават спектакли
Со постапките на Специјалното јавно обвинителство се прават спетакли, реагира Основниот суд Скопје 1 по прашањата од медиумите до Судот кога ќе биде сослушани двете осомничени лица во случајот „Тендери“ за кои СЈО побара да им се одземат пасошите, предмет во којшто првоосомничена е министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
„Со оглед да со постапките на СЈО се прават спектакли со кои секојдневно се занимава јавноста преку прес – конференции и телевизиски излагања, а истовремено не се води сметка за пресумпцијата на невиност и законитоста на постапките, судот, респектирајќи го дигнитетот на судската власт, нема да учествува во ваков вид на спектакли туку наместо тоа отсега благовремено и прецизно ќе ја информира јавноста за сите донесени одлуки преку соопштенија“, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.Судот ги упатува новинарите за сите информации поврзани со истражни и предистражни постапки на некое од обвинителствата да се обратат до странките во постапките, бидејќи, како што велат, судот ги почитува уставно загарантираните права на сите страни во постапките.Ниту од Основниот суд Скопје 1, ниту од Специјалното јавно обвинителство не соопштуваат официјално дали за Министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска се бараат мерки за претпазливост. Осомничените за коишто се бараат мерки за претпазливост треба да се јавуваат еднаш неделно, секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.Освен тоа СЈО бара да им се одземе патната исправа поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство. Случајот „Тендери“ се однесува на изведување на градежни работи на Музејот за македонска борба и државност, од страна на градежното претпријатие „Бетон“, кое било фаворизирано, осомничена е Канческа – Милевска и тројца членови на Комисија за јавни набавки од министерството.За случајот „Топлик“, односно за продажбата на земјиштето за „Сончев град“ во кој е осомничен поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пет лица членови на комисијата од ова Министерство за спроведување јавни набавки не се побарани мерки за претпазливост.Последната информација од Основниот суд Скопје 1 беше дека мерките за претпазливост се распоредени кај Судија на претходна постапка и дека тој треба да ги викне лицата за да се произнесат по предлогот за да донесе одлука дали ќе ги прифати мерките кои ги бара СЈО.Инволвираните сториле кривични дела со што грубо ги повредиле јавните набавки и го оштетиле Буџетот на Македонија за по над еден милион евра./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

