Македонија
Судот во Стразбур смета дека нема повреда во ефективноста на истрaгата за Мартин Нешкоски
Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која се вели дека за случајот со убиството на Мартин Нешкоски, нема повреда на членот 2 од Европската конвенција за човековите права во смисла на ефективноста на истрагата. Мајката на Мартин Нешкоски, Ленка Нешкоска, до Европскиот суд за човекови права се жалела дека истрагата за смртта на нејзиниот син не била ефективна.
Судот, како што пишува во четвртокот, објави Академик, образложува дека нејзиниот син, Мартин Нешкоски, бил убиен од страна на припадник на специјалните полициските сили, за време на прославата за резултатите од изборите во 2011 година.Повикувајќи се на домашниот судски процес против полицаецот Игор Спасов, Судот истакнува дека за убиството на Нешковски имало судски процес, кој резултирал со изречена 14-годишна казна затвор за Спасов.Во врска со истрагата за случајот, Судот образложува дека јавниот обвинител побарал од истражниот судија да отвори истрага против Спасов, но за време на истрагата мајката на Мартин Нешкоски поднела кривична пријава против уште четири лица, од кои тројца била припадници на полицијата, под сомнение дека тие му помогнале на Спасов да го прикрие убиството и погрешно му кажале на јавниот обвинител дека Нешкоски починал од предозираност со дрога.Но, на 29-ти ноември 2011 година, јавниот обвинител ги отфрлил кривичните пријави, наоѓајќи дека нема основ посочените лица кривично да се гонат, односно, повикувајќи се на доказите, нашол дека три од лицата не биле присутни кога Спасов смртоносно го удрил Нешкоски. Незадоволна од ваквата одлука, мајката на Нешкоски продолжила правдата да ја бара како супсидијарен тужител. И во овој случај нејзината пријава била отфрлена.Конечно, Ленка Нешкоска, се жалела дека до Европскиот суд за човекови права, истакнувајќи во својата апликација дека постоело повреда на членот 2 на Европската конвенција за човекови права и дека истрагата за нејзиниот син не била ефективна затоа што не биле испитани сите аспекти на инцидентот кој резултирал со убиство на младиот Нешкоски.Разгледувајќи ја апликацијата, според денешната објавена пресуда на Европскиот суд за човекови права, во врска со овој случај, не постоела повреда на членот 2 од Европската конвенција за човековите права, а во однос на посоченото отсуство на ефективна истрага./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

