Македонија
СУНРРМ потпиша меморандум за соработка со бугарската Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори
Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори на Република Бугарија.
„Потпишувањето на овој Меморандумот за соработка со Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори на Република Бугарија, претставува голема потврда и успех во работењето на СУНРРМ Република Македонија и потврда за високите европски стандарди кои ги следиме и кои ги имплементираме во нашето работење, и следствено на тоа се проширува и бројот на потпишани Меморандуми за соработка со регулаторни органи на земји членки на Европската Унија“, истакна Претседателката на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) Соња Ѓелова – Стојанова.
Таа во рамките на својата работна посета на Република Бугарија заедно со претседателот на Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори на Република Бугарија Вања Донева во Софија, остварија работен состанок во Амбасадата на Република Македонија во Република Бугарија, каде уште еднаш беше изразено големо задоволство за воспоставената соработка во областа на ревизијата помеѓу овие тела на двете држави.
Во однос на предвидените идни меѓународните активности на кои интензивно работи (СУНРРМ), Претседателката Соња Ѓелова – Стојанова посочи дека Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија успешно ги завршил преговорите со Одборот за надзор од јавен интерес на сметководствената професија на Романија и во претстојниот период ќе биде реализирано потпишување на Меморандум за соработка, а дека воедно активно се преговара и со Одборот за јавен надзор на ревизијата на Република Хрватска кој се очекува да резултира со успех до крајот на 2015 година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

