Македонија
Свечена заклетва на февруарскиот контингент на војници на АРМ што служат доброволно

Војниците на доброволно служење на воениот рок од упатниот контингент „Февруари“ 2015 година, во петок во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман” ќе положат свечена заклетва.
На свеченоста по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Насер Сејдини, Командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски, претставници од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа, роднините на војниците и други гости.
Заклетва ќе дадат 165 војници од дваесет и петтата генерација на доброволно служење на воениот рок, со кои обуката ќе ја реализира Центарот за индивидуална обука во рамките на Командата за обука и доктрини, во траење од три месеци. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Движењето ЗНАМ за наша Македонија од Куманово ја започнува кампањата „Заедно повеќе знаеме“

Вчера дел раководството на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, организациониот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.
Темите на оваа средба се раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.
Македонија
Аеродром и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците во Кисела Јабука ул. 44,46,54,62,64,66,68 во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ул.Горно Лисиче (од Феромонт инженеринг кон Долно Лисиче) во општина Аеродром.
Македонија
Без вода делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиена информација од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека денеска (четврток):
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Благоја Стефковски 152, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Благоја Стефковски и населбата Хиподром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
( општина Гази Баба )
· поради уличен дефект ф-200 на бул. Илинден бб (во близина на маркет “ Рептил“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно потегот од Бледски Договор до Манапо и следниве улици: Драгиша Мишовиќ, Роберт Кох, Трифун Пановски, Радика, Огражден, Пелистерска, Струма и Карпошево Востание.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.( општина Карпош ).