Контакт

Македонија

Свеченост по повод одбележувањето на Денот на АРМ

Објавено пред

Во четврток со почеток во 10 часот на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ ќе се реализира централната свеченост по повод одбележувањето на  Денот на АРМ.

dobivaj vesti na viber

Согласно протоколот, на присутните ќе им се обратат Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов и Министерот за одбрана Зоран Јолевски.По повод Денот на АРМ, Претседателот на државата Ѓорге Иванов со „Орден за воени заслуги“ ќе ги одликува баталјонот на воената полиција и инженерискиот баталјон од составот на АРМ.На одбележувањето на  Денот на АРМ се поканети и се очекува да присуствуваат највисоките претставници од државните институции на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија и гости од останатите институции во Република Македонија./крај/мф

Македонија

Манасиевски: Лицемерно е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани

Објавено пред

Од

Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„СДС и Филипче 7 години беа власт во Македонија. 7 години ја уништија државата до степен на непрепознатливост. СДС и Филипче се причина за разурнатиот систем. Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани е исмевање на народот во очи. Што е следно? СДС и Филипче поднесуваат закон за враќање на името? Закон за Модуларната? Или закон за Онкологија? Дали можеби Филипче е на ум да поднесе закон за потекло на имотот на Зоран Заев? Или закон за поништување на законските измени на Кривичниот закон, со кои се спасија од прогон“, праша тој.

Според Манасиевски, трагично и апсурдно е колку СДС и Филипче мислат дека народот не ги гледа нивните намери.

„Но исто така приодот во СДС и тој на Филипче покажува дека таму ништо се нема сменето. Тоа е истата онаа партија која смени име, беше причина за Беса транс, Ласкарци, Модуларната, Онкологија и десетици други трагедии, и не чувствуваа никаква одговорност за истите“, рече Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Објавено пред

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа во која загина, Фросина Кулакова.

dobivaj vesti na viber

Тој одговарајќи на прашање на судијката, Снежана Марковска, дали го разбира делото и дали се чувствува виновен, изрази сочувство до семејството на Кулакова.

„Никогаш не сум мислел дека ќе се случи вакво нешто. Да, виновен сум!“, рече Јованов.

Во завршните зборови тој рече и дека има голема грижа на совест.

„Ова ќе ме прогонува до крајот на мојот живот“, рече обвинетиот.

Адвокатот на Јованов, Сашко Дуковски, во одбрана на својот клиент ги наведе неговите студии, успесите и наградите во боксот. Побара да биде изведена и снимка која покажува дека младиот Јованов веднаш по настанот покажал огромно каење.

Несреќата се случи на 29 јануари, кога Јованов, без возачка дозвола, под дејство на алкохол и на црвено светло на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на пешачки премин, удри во Фросина Кулакова која почина на лице место.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Цените растат, мерката за маржите се покажа неефикасна

Објавено пред

Цените во маркетите продолжуваат да се искачуваат до нереално високи нивоа, а зголемувањата достигнаа и до 60 отсто. Овие астрономски цени не се само рекорди, туку и показател за неуспехот на актуелната влада во управувањето со економијата, дури и во најтешките периоди како што беше енергетската криза, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Како што предупредувавме, мерката за замрзнување на маржите се покажа како краткорочна и неефикасна. СДСМ веќе од почетокот ги истакна нашите сомнежи дека оваа мерка нема да донесе долгорочни резултати, што се потврди со зголемените цени.

Овие растечки цени се резултат на погрешните владини политики и неспособноста на Владата на ДПМНЕ да ги менаџира цените на основните производи. Секоја мерка што ја презела оваа влада до сега се соочува со неуспех. Ниту т.н. есенска и новогодишна кошничка, не успеа да го подобри животниот стандард на граѓаните. Напротив, растот на цените не престана!

Владата не ја прифати нашата иницијатива за пакет од седум закони и решенија. Со нашата иницијатива, само со укинувањето на ДДВ на храната, реално ќе се намалеа цените на повеќе од 250 производи, што ќе значеше значително олеснување за граѓаните.

За жал, помина цела година и овој неуспех на владата доведе до огромна штета за стандардот на граѓаните кои се во тешка ситуација и едвај врзуваат крај со крај. Власта треба да се соочи со реалноста и да ја смени својата неефикасна политика, за да ги заштити интересите на граѓаните и да се спречи понатамошно зголемување на цените, потенцираше портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во одговорот за новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа во која загина, Фросина Кулакова. Тој одговарајќи на прашање...

Македонија1 час

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија3 часа

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија4 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија5 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија6 часа

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ6 часа

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа6 часа

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет7 часа

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет7 часа

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ8 часа

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет18 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија20 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија21 час

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија23 часа

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ24 часа

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија1 ден

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија1 ден

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...

Македонија1 ден

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија1 ден

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со...