Македонија
Тачи: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да може да ги повторат нерегуларностите на изборите

Договорот од Пржино, подготовките и организацијата на претстојните избори биле дел од темите за кои разговарале лидерите на албанските политички партии со европратениците Иво Вајгел, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.
„Разговаравме за скопскиот договор, за подготовките и организацијата на изборите во Македонија и помошта што можат тие да ја понудат како меѓународна заедница за да имаме кредибилни избори по станрдардите на меѓународната заедница“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по состанокот.
За лидерот на ДПА, состанокот бил многу плоден затоа што бил уверен дека изборниот процес и изборните резултати детално ќе се разгледуваат.
„Одлични вести, разбрав од европратениците дека изборите во Македонија ќе бидат ставени во рентген ситуација. Една јака порака до ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека немаат можност да ги повторуваат нерегуларностите од минатите избори. Се договоривме да бидеме во постојан контакт и да се информираме за ситуацијата“, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Со Вајгл и Флекештајн, во петок, се сретна и делегација на Либерално-демократската партија во состав Филип Аврамчев и Јасмина Конеска./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство

Почина доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска, која генерации гледачи на Радио-телевизија Скопје ја паметат како прва спикерка и водителка на вестите.
„Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука, па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец, дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радиопрограмите. ТОЧНО Е 12:00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!” , објави на „Фејсбук“ нејзината внука Ирина Костовска.
Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци,…
Posted by Irina Rin Kostovska on Четврток, 21 јануари 2021
Бранка Станковска е родена во Скопје на 30 април 1931 и е позната како врвен радио и телевизиски спикер и водител. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987).
Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.
Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.
Македонија
Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите здравствени протоколи, рече министерот за здравство Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома интеграцион центрум“.
Филипче посочи дека министерството за здаравство и Комисијата за заразни болести како и за време на одржувањето на изборите, така и сега, за спроведување на пописот, ќе бидат на располагање за едукација и донесување протоколи за спорведување на една ваква, како што ја нарече, комплексна операција.
„Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите коишто ќе го водат тој процес“, рече Филипче.
Министерот како пример го посочи спроведувањето на изборниот процес, кој во делот со спроведување на здравствените протоколи поминал, како што кажа, без ниту една забелешка.
„Консензус на ниво на СЗО е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји. Во таа смисла сме на располагање и во делот на експертизата, и комуникациски да го поддржиме процесот кој е од клучно значање за државата“, рече Филипче.
Македонија
(Видео) Мицевски: СДСМ на сила го истурка Законот за попис, наместо статистичка ова ќе биде политичка операција

На денешната 29. собраниска седница ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не гласаа за законот за пописот на населението и домаќинствата, но тој беше усвоен во Собранието.
Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ова законско решение власта го истуркал на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати.
„Не се прифатени 26 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде на СДСМ и нивните коалициони партнери. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не гласаа за ваквото законско решение“, посочи Мицевски.
Според него, овој закон по скратена постапка, со европско знаменце, има само неколку козметички измени кои немаат, како што вели, никаква допирна точка со регулативите на Европскиот парламент.
„Последниве денови се лецитира со проценти и признавање, односно непризнавање на резултатите од пописот што треба да се спроведе. Што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистичка преминува во политичка операција“, изјави од собраниската говорница Мицевски.
Ваквото предложено законско решение нема да биде објективно и фер, рече тој.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот