Македонија
Taшевска-Ременски: 6.603 домаќинства без социјална помош
Од септември 2014 година до септември 2015 година бројот на домаќинства кои примаат социјална парична помош се намалил за 6.603 домаќинства, покажал вонредниот инспекциски надзор во центрите за социјална работа во земјата.
Инспекторите утврдиле голем број недостатоци во работењето на овие установи, а на граѓаните не им било одговарано во законскиот рок од 60 дена за остварување на правото на социјална заштита. Во делот од предметите не бил изготвен наод и мислење на стручен работник, што е спротивно на сите процедури. „Од септември 2014 година до септември 2015 година бројот на домаќинства кои примаат социјална парична помош се намалил за 6.603 домаќинства. Ако имаме 6.603 домаќинства со минимум 4 лица по домаќинство тогаш бројот е 26.412 лица кои останаа гладни и без егзистенција заради лошите политики на ВМРО ДПМНЕ, а не заради подобрената социјална помош на овие домаќинства“, рече Фросина Taшевска-Ременски, министер за труд и социјална политика.Потсети дека по 1.400 предмети по жалбена постапка за остварување на правото на социјална парична помош не е решавано од февруари до 15-ти ноември 2015 година, а тие се една четвртина од семејствата кои изгубиле право на социјална парична помош. „Претходниот министер за труд и социјална политика спротивно на неговата законска обврска не донел решенија по жалби за 1.400 семејства кои го изгубиле правото на социјална парична помош. Претходниот министер, одлучувањето по овие жалби несовесно, знаејќи дека го крши законот, го пренел на службеник на пробна работа во министерството, кој нема право да одлучува и решава по барање на граѓаните во управна постапка“, рече Ташевска-Ременски.Со цел овие состојби да бидат констатирани од надлежен инспекциски орган, министеата на 18-ти ноември поднела барање за постапување до Државниот управен инспекторат и очекува тој да постапи експедитивно./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

