Македонија
Телефонските линии во амбасадата на САД во прекин

Амбасадата на САД во Скопје во понеделникот вечерта на социјалните мрежи објави дека во прекин се телефонските линии, односно дека „не се оперативни“.
Како што објави амбасадата, во понеделникот околу 21 часот, на социјалните мрежи Твитер и Фејссбук телефонските линии не биле во функција, без да биде наведена причинита за прекинот.
Претходно, според сеуште неофицијлани информации, персоналот на амбасадата со посебна опрема проверила едно возило кое било паркирано пред амбасадата и утврдиле дека возилото е позитивно на траги од експлозив.
На терен излегле припадници на Единицата за антитероризам при МВР, го провериле возилото, но во него не пронашле експлозив.
Возилото потоа било однесено на понатамошно вештачење. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јакимовски: Карпош не е кафана, туку сериозна општина

Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, се вели во соопштението од ГРОМ од актуелниот и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски.
„Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа
Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира со државниот буџет. Преку фирмата Алкалоид Конс се набавуваат лекови за Онкологија – па нека проверат зошто доцнат терапиите и колку тендери имаат добиено. Таму лежи вистинската приказна.
Докторите од Онкологија имаат многу што да кажат. Јавноста има право да знае дали профитот и договорите им се поважни од здравјето на пациентите.
Затоа, наместо да измислуваат лаги за Карпош, нека одговорат на едно едноставно прашање: Кој профитира од тендерите за лекови и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош?
Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент на нивните школски другарчиња. Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив“, вели Јакимовски.
Македонија
Петмина добија труење од храна откако јаделе во сендвичарница во Штип

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по јадење сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Објектот е веднаш затворен до добивање на резултатите од лабораториските тестирања.
Случајот бил пријавен од Центарот за јавно здравје Штип, по што инспекторите на АХВ извршиле вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна.
Земени се примероци од инкриминираната храна и брисеви од работните површини. Објектот е времено затворен сè додека не се потврди неговата безбедност со лабораториските резултати – велат од АХВ.
Граѓаните кои се пожалиле на симптоми на труење побарале медицинска помош, а здравствените служби го следат нивното здравствено состојба.
Од Агенцијата нагласуваат дека инспекциските служби ќе продолжат со контроли за да се обезбеди заштита на потрошувачите и превенција на слични случаи.
Македонија
Се бара притвор за одгледувачот на домашен канабис

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во домот на осомничениот 50-годишник во селото Страчинци, полицијата пронашла 3 откорнати растенија и 99 пресечени, превиткани и исушени гранчиња канабис, како и 41,4 грама марихуана.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.