Македонија
Трајковски не се смета виновен за уривањето на „Космос“
Нашата постапка е потврдена со дваесетина судски постапки, рече градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и претходно поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во петокот се јави на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во случајот „ТНТ“, односно уривањето на објектот „Космос“, бидејќи сите тројца се обвинети од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дека незаконски нарачале уривање на објектот во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски, како одмазда.
Трајковски рече дека законитоста на постапката за уривање се докажала во неколку судски пресуди досега. За разлика од него, СЈО презентирајќи го предметот ТНТ тврдеше дека Трајковски спротивно на Законот за јавни набавки ја поттикнал општинската Комисија за јавни набавки договорил фирмата „Три М Изградба“ да го заврши рушењето, иако фирмата не била регистрирана и немала лиценца за уривање со експлозивни набавки.
„И јас како градоначалник, и вработените во Општина Гази Баба. работевме законски. Нашата постапка беше потврдена и со дваесет судски пресуди. Верувам дека ова е уште една можност да ја докажеме нашата законитост и да докажеме дека инвеститорот го прекршил законот, затоа што треба еднаш да се стави крај на сите малверзации со градењето. Јас ќе потсетам дека инвеститорот не постапил согласно законот, тој имал цел да направи поголема финансиска полза за себе“, рече Трајковски во изјавата за новинарите пред судот.
Распитот во Кривичниот суд поранешниот премиер Никола Груевски траеше околу еден час, а по дадениот исказ пред судија во изјавата за новинарите ја обивни најголемата опозициска партија СДСМ дека во содејство со СЈО се обидуваат да го оцрнат.
Поранешниот министер за тренспорт и врски Миле Јанакиески, кој исто така е обвинет во случајот „ТНТ“, ги избегна медиумите и судот го напушти од задната страна.
СЈО претходно објави дека бара судот да им одреди мерки на претпазливост, односно да им се одземат патните исправи, да имаат обврска се јавуваат во Судот или да им се одреди мерка домашен притвор.
Од судот велат дека одлуките на судијата на претходна постапка ќе бидат соопштени по завршувањето на распитот на сите осомничени во случајот. Покрај тројцата споменати, СЈО за анводно незаконско уривање на објектот на Цаноски ги обвинува и градежната инспекторка од општина Гази Баба, која е првоосомничена, како и уште три лица од Комисијата за јавни набавки на општината./крај/мф/ффса.крај
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

