Македонија
УНХЦР: Македонија и Србија почнаа да ги редуцираат мигрантите на границите
Македонија и Србија почнаа да дозволуваат премин само на мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан, соопшти во четвртокот УНХЦР.
Портпаролката на УНХЦР, Мелита Шуњиќ изјавила за хрватската агенција Hina дека другите мигранти се вратени и дека стотици луѓе останале на границите.Очевидец за УНХЦР на грчката граница со Македонија изјавил дека македонската полиција почнала преку ноќ да ги враќа сите мигранти кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан.„Во средата околу 18 часот Србија почна да ги враќа во Македонија сите освен Сиријците, Ирачаните и Авганистанците. Македонија ја затвори границата околу три часот наутро и околу стотици луѓе останаа на ничија земја.“, изјавила Шуњиќ, Во официјалниот извештај од македонското МВР, пак соопштуваат дека во последните 24 часа, во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 18.11.2015 издадени се потврди на вкупно 3.458 странски државјани, од кои 1.652 се од машки пол, 652 се од женски, 971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 183 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.638, Авганистан – 860, Ирак – 478, додека другите се во помал број./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

