Македонија
Ушковски: СЈО со спектакуларни изјави врши влијание врз судството
Специјалното јавно обвинителство се послужи со спектакуларни и политизирани изјави за да изврши влијание врз судството, изјави претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски за прес – конференцијата на СЈО на којашто беше соопштен првиот случај „Титаник“.
„Со нивните изјави давајќи опис на наводното дело како и посочувајќи ги функциите на лицата, со тоа ја сторија и најголемата повреда на пресумцијата на невиност. Како и со последната изјава дека судството ја пропуштило историската шанса исто така ја нарушија независноста на судството. Во оваа смисла не сме известени ниту за некоја странка во постапката ниту пак за некој судија е побарано симнување на имуннитет. Ниту пак за некој од судиите е оформен предмет во судот. Па затоа и апелирам до СЈО (како странка во постапката) како и до сите нас како судската власт (како една од трите власти) секогаш и по секој повод да се придржуваме на пресумцијата на невиност“, рече УшковскиВо врска со барањата на одредени субјекти за формирање на Специјален суд, Ушковски рече дека со Уставот се забранети вонредни судови.„Па во таа смисла ниту Уставот ниту пак законот, не му дава на никого перцепција да посочува специјални судови. Па и во оваа прилика по незнам кој пат накратко ке напомнам дека кога преку инсинуации сега за специјални судови, очигледно е дека истото се наметнува за дневно политички потреби така и за разни други поводи и цели на некои центри на моќ и истите се насочени за рушење на целокупниот интегритетот судски систем“, додаде Ушковски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

