Македонија
Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на помилувањата
Уставните судии ја отфрлиле иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата, одлука на Претседателот Ѓорге Иванов којашто е веќе повлечена.
Судија известител за оваа иницијатива е судијката Гзиме Старова која на почетокот на седницата рече дека Уставниот суд не може да ја оценува уставноста на помилувањата бидејќи тие веќе не постојат во правниот поредок.„Во овој случај имајќи го предвид наведените уставни и деловнички права и пред сé фактот што оспорените одредби по поднесувањето на иницијативата престанале да важат и со самото тоа веќе не се дел од правниот поредок и поради тоа цениме дека не постојат процесни претпоставки за нивно оценување односно не можат да бидат предмет на оценување на уставноста пред овој Суд“, рече Старова.Никој од другите судии не се јави за расправа.На 12-ти април, Претседателот помилува вкупно 56 политичари и нивни соработници, дел од нив осомничени во истрагите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а дел од нив воопшто не беа осомничени во никаква постапка.По протестите што ги организираа граѓаните во знак на револт на оваа одлука, по повеќе од месец и половина, Иванов ја повлече одлуката./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ повикува на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска, ЈО и судот да работат според закон
ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабока жалост за трагичната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, поради која животот го загуби младата Фросина Кулакова.
Воедно, владејачката партија бара најостра санкција за возачот од страна на Јавното обвинителство и судот.
„Наместо декларативни казни, потребни се суштински мерки кои ќе делуваат превентивно за секој што ќе се осмели да управува моторно возило без возачка дозвола, во алкохолизирана состојба или при намалена свесност. Казната во овој случај и сличните мора да биде најстрога, за да се испрати јасна порака дека никој не смее да си игра со законот. Секоја личност носи одговорност за своите постапки. Овој случај ќе го има вниманието на јавноста и на ВМРО-ДПМНЕ и апелираме до институциите да работат според закон“, велар од партијата.
Истовремено, ги повикуваат сите граѓани да останат обединети во оваа трагична ситуација.
„Апелираме до сите политички субјекти и јавни личности да се воздржат од користење на оваа трагедија за сопствени интереси и да се фокусираат на поддршка на семејството на починатата, како и на иницијативи што ќе придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Нека почива во мир Фросина Кулакова, а нејзината трагична судбина нека биде поттик за сите нас да работиме на подобрување на безбедноста и одговорноста во нашето општество“, се додава во партиското соопштение.
Македонија
Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме
Денес на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот, Христијан Мицкоски, се осврна на изградбата на објектите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, но и за состојбите во образованието од аспект на намалените демографски параметри.
„Образованието за нас е приоритет затоа што не може да имате силна држава без силно образование, рече премиерот и продолжи: Во високото образование од каде што доаѓам и јас, изградбата на инфраструктура е многу значајна. Генерално дали се работи за новиот кампус кој планираме да го градиме за универзитетот „Мајка Тереза“, дали тоа значи изградба на новите згради на факултетите ФИНКИ и ФФК, дали ќе правиме некој нов технолошки парк кој што ќе биде значаен, за мене како претседател на Владата преставува само додадена вредност. Кога вложувате во високо образование, секогаш можете само да добиете, не можете да изгубите“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека овие згради на факултетите ќе бидат изградени, а со студентите ќе се договори стилот на архитектурата.
„Дали тоа ќе биде во постар барок стил, дали во модерен стил, студентите нека кажат. Тие како сакаат така ќе биде. Ние нема да наметнуваме“, посочи премиерот Мицкоски.
„Она што мене ме загрижува е она што оваа учебна година 2024/2025 за жал матурирале само околу 14.000 матуранти. Ако се вратиме 18 години наназад, тогаш ќе видиме дека околу 10.000 луѓе ни се изгубени. Тоа е нешто кое за мене претставува предизвик“, истакна Мицкоски.
Истакна дека ниту овие 14.000 матурирани ученици не се запишуваат на факултетите, со оглед на тоа што на Универзитетот „Кирил и Методиј“ се запишале само 5000 студенти, а тој запишува повеќе од половината студенти.
Тоа според него е загрижувачки параметар, особено ако се земе бројот на новородени сега кои за 18 години ќе бидат потенцијални студенти.
„Овие згради ќе ги изградиме, и кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“ ќе го изградиме, и други ќе изградиме, но се плашам да не бидат празни за 10-15 години од сега. Затоа ни е потребно да седнеме сите заедно и да креираме нова парадигма и цел каде сакаме да бидеме. На безумието мора да му дојде крај. Не е се политика и не е се желба за власт и моќ.“, заклучи Мицкоски.
Македонија
Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник
Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на улицата Партизански одреди.
Од тука велат дека дека барале продолжување на мерката притвор за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, но судот донел пресуда со кој на обвинетиот му била изречена заводска мерка – упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.
„Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“, велат од Обвинителството.
Од тука претходно информираа дека возачот кој ја прегази Фросинаа возел пијан, без возачка дозвола и поминал на црвено светло, додека девојката ја поминувала улицата на обележан пешачки премин.