Македонија
Уставниот суд по третпат не донесе одлука за крстот во Бутел
Уставните судии и на денешната седница не донесоа одлука за иницијативата за оцена на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување 55-метарски крст во скопската општина Бутел.
Според информациите од Судот, на денешната седница присуствувале осум судии, кои гласале изедначено, односно четворица биле за отфрлање, а четворица за прифаќање на иницијативата.Иницијативате ќе биде повторно разгледувана на некоја од наредните седници на Уставниот суд, најверојано на следната.Ова е третпат да не биде донесена одлука за оваа иницијатива, која до судот во март годинава ја поднел струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување крст во Општина Бутел не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.Поставувањето на крстот, кој е донација на Светскиот македонски конгрес (СМК), предизвика тензии откако членови на ДУИ и нивни поддржувачи поставија камп и протестираа против изградба, на што со контрапротести одговори СМК, чиј претседател Тодор Петров беше и физички нападнат дента по свеченоста за осветување на камен-темелникот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

